Рускиот олигарх Александар Онишченко, сега веќе осуден на 15 години затвор во Украина за корупција и перење пари, не е единствената врска за блискоста на СДС на Зоран Заев и Венко Филипче со Владимир Путин

 

Рускиот олигарх Александар Онишченко, сега веќе осуден на 15 години затвор во Украина за корупција и перење пари, не е единствената врска за блискоста на СДС на Зоран Заев и Венко Филипче со Владимир Путин, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Онишченко, кого го вдомија во државата му дадоа државјанство кога ниедна друга држава не го примаше, тука е и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски близок соработник на Лукашенко.

Врските на Заев и Филипче со руската политика се потврдуваат и со нивната блискост со Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола.

Во периодот од 2019 до 2023 година, од владата на СДС фирмата „Марковски компани“ во сопственост на белорускиот почесен конзул во државата, Борче Марковски добила најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки.

 

Најголемиот дел од овие, односно 66 од 77-те тендери биле со државното претпријатие ЕСМ во вредност од 141 милион евра или 93% од вкупната вредност на сите тендери

 

Најголемиот дел од овие, односно 66 од 77-те тендери биле со државното претпријатие ЕСМ во вредност од 141 милион евра или 93% од вкупната вредност на сите тендери.

Освен што во време на власт на СДС, Заев и Филипче, Марковски ги добивал најголемиот број тендери од ЕСМ, туку и фирмите подизведувачи кои соработувале со него биле или на кланот Заеви или на лица блиски до нив.

Врските со Марковски и Онишченко, само ја потврдува очигледната близина и добрите бизнис контакти на Филипче и Заев со лица блиски до Путин и Лукашенко.

А, заедничко на сите овие лица е тоа што, за сите постојат основани сомненија дека се дел од различни криминални и корупциски шеми, а СДС, Заев и Филипче за свои бизнис интереси и остварувања се ставија против државните интереси.

Тоа време заврши, СДС веќе не е во можност да тргува со националните во корист на бизнис интересите на кланот Заеви и Филипче.

Заштитник на државните национални и стратешки интереси е ВМРО-ДПМНЕ, и остро ќе се спротивстави на предавничката политика промовирана од СДС и дуото Заев и Филипче, се вели во соопштението на партијата.