Аферата „Паразити“ на виделина ја извади алчноста на оваа антидржавна и криминална власт. Додека секојдневно луѓе остануваат без работа и не знаат како да го преживеат месецот, функционерите на СДС и ДУИ со нивните директорувања ги полнат своите џебови со народни пари, а нивниот резултат е чиста нула, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Еден од листата кој котира на врвот по богатење на грбот на граѓаните е Зоран Китанов, кои како претседател на одборот на директори во Телеком, а именуван ов Владата на СДС и ДУИ зема месечна плата од над 6.200 евра. Ако се пресмета, Китанов за еден мандат од 4 години, на негово конто ќе легнат скоро 300.000 евра. Неговиот заменик во Телеком, кој исто така е назначен од владата, Садула Дураку од ДУИ месечната плата му изнесува 1.500 евра, или за 4 години ќе заработи над 80.000 евра. Додека пак неизвршниот член на одборот на директори Шкодране Дардишта, која на јавноста ја започна по нејзините изјави во кои се закануваше со војна, секој месец зима плата од над 1.000 евра, или 50.000 евра за еден мандат, истакнуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат:
„Додека државата е во енергетска криза, и граѓаните плаќаат повисока цена за потрошена електрична енергија, директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски месечно заработува над 1.700 евра. 1.700 евра за Ковачевски, додека секој ден ни се случуваат хаварии и дефекти во енергетскиот систем и додека нема пари за обновување и унапредување на енергетските капацитети.
Ковачевски за 4 години или еден мандат ќе заработи над 80.000 евра. Листата на паразити на државна сметка е се поголема, а од овие паразити не гледаме никаква одговорност, напротив исмевање и навредување кон граѓаните.
Молкот од Димитар Ковачевски за навредите од Љупчо Зиков кон граѓаните, значи одобрување или пак овие навреди се по негова нарачка“.