Али Ахмети покажа дека е газда на мафијата на власт ДУИ-СДСМ. Ковачевски е само статист помеѓу Заев и Ахмети. Обичен пиун кој само слуша и спроведува, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега е јасно зошто ДУИ се согласи пиунот Ковачевски да ја администрира владата, бидејќи се увериле дека ќе се поклонува не само на Заев, туку и на коалицискиот партнер. Мафијата на власт ДУИ-СДСМ перфектно е организирана само кога се работи за тендери, криминал и корупција. Тоа е единствената нишка која ги поврзува. Голата желба за власт за да крадат ја одржува оваа власт и за тоа наоѓаат совршен заеднички јазик.

Впрочем, така сатрапот на правдата Талат Џафери како курир на Ахмети еднострано договори распишување на дополнителни локални избори за градоначалник во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Без да се консултираат со некого, скриено од очите на јавноста, распишаа избори. Тоа е класично мафијашки дил, во кругот на две мафијашки семејства. Ахмети маредува, пиунот Ковачевски извршува, велат од партијата.

Од таму додаваат дека, но како што крадат во тандем, така народот на предвремени парламентарни избори и ќе ги казни во тандем.