Очигледно Артан Груби вознемирен од фактот што ДУИ може да оди во опозиција измислува пораки од Христијан Мицкоски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Груби веројатно се помешал со срцепарателните пораки и молби и лелеци до Ковачевски да не го пушти во опозиција. Ако Груби ја губи власта, барем нека не го губи достоинството со измислици и лаги. Груби да престане да се однесува како инфлуенсер од српска задруга, туку како вицепремиер на владата во заминување“ – велат од партијата.