Партијата ја критикува СДС за анкети, безидејност и лидерска сенка на Заев
ВМРО-ДПМНЕ реагира на новото соопштение на СДС и ја повикува партијата веднаш да поднесе барање за предвремени парламентарни избори доколку се подготвени. Во соопштението се истакнува дека анкетите покажуваат дека СДС се на четвртото-петтото место и дека партијата се наоѓа во тотална безидејност.
ЦЕЛОТО СОПШТЕНИЕ:
„СДС со ново соопштение, покажува дека се плаши од соочување со народот.
Доколку СДС смета дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори.
Доколку СДС смета дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија, не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори.
Во тотална безидејност, со лоши соопштенија кои вештачка интелигенција им ги пишува, бидејќи очигледно вистинска интелигенција и да немаат на Бихачка, тонат во жива кал.
СДС треба да се реформира од луѓето кои им ја водат партијата, на чело со Филипче, а во сенка на Заев.“
