Очигледно и дипломатијата се претвори во листа на желби за удобства на грбот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека нов скандал ја тресе македонската дипломатија, овојпат со амбасадорот во Вашингтон Зоран Попов, кој, како што велат оттаму, пред да биде именуван беше претседател на комисијата за надворешна политика на СДС.
Имено новоименуваниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Попов си изнајмил резиденција за преку 6.000$ месечно во ексклузивен дел на Вашингтон, Бетезда, иако во склоп на амбасадата има резиденција за амбасадор каде што живееја сите амбасадори до сега. Попов не сакал да живее во резиденцијата, затоа што не му се допаѓало, па си избрал луксузно сместување. На оваа сума има плус режиски трошоци од 1.000$ кои доколку живее во резиденцијата во наша сопственост нема да ги има или ќе бидат минимални. Платата му е 5.000$, а си земал стан од преку 6.000$. Со што ги заслужи овие луксузирања Зоран Попов? Што сработи во изминатиот период?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека МНР треба да ја испита „ваквата раскалашеност и да побара одговорност од Попов, бидејќи во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај недозволиво е некој непотребно да троши народни пари во Вашингтон“.