Ана Чупеска, која поддржува апсење и затворање на новинари, чија слобода на мисла е загарантирана со Устав не е компетентна да пишува уставни амандмани.
Слободата на мисла и слободата на средствата за јавно информирање е загарантирана со Устав, преку уставна одредба се заштитени и новинарите и медиумите, и тоа нивно право е темел на демократијата.
СДС за член на работната група за пишување на уставни амандмани ја предлага Ана Чупеска, која поддржува затворање на новинари, како во примерот со повик на Бранко Тричковски за поддршка на Али Ахмети кој јавно нападна две национални телевизии.
Фактот што луѓе кои не се експерти по уставно право треба да пишуваат уставни амандмани за СДС говори дека оваа партија го допеела дното, и по јавното откажување на голем број експерти да се вклучат во процесот, прибегнаа кон свои партиски луѓе и поддржувачи на нивните политики како Чупеска.