-Според податоците објавени во медиумите ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка на 26% од испитаниците, по што следува СДСМ со 19,7%. Убедливо губи и Зоран Заев во однос на претседателот Христијан Мицкоски. Имено претседателот Мицкоски ужива доверба кај 15.5% од испитаниците, наспроти Зоран Заев со 10.6%. Анкетата на Прорисрч јасно ја отсликува и реалноста која е забележлива на терен помеѓу народот, а тоа се гледа и од собирите и митинзите. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води. Промените се на праг. На 17 октомври се свртува нов лист. Време е да создадеме нова иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.