Апашлукот на власта на СДСМ и ДУИ станува епски речиси по правило секогаш кога се случуваат одредени политички теми. Па така додека владата склопуваше предавнички протоколи, во исто време Јавното претпијатие Македонија Пат набавило битумен по цена од неверојатни 12 илјади евра по цистерна битумен, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако се земе предвид дека ЈП Улици и Патишта користи сличен материјал, а го плаќа по 1.100 евра од цистерна битумен, тогаш доаѓаме до фрапантни 11 илјади евра разлика. Ако само на една цистерна е направена неоснована разлика од 11 илјади евра, тогаш целата набавка изела неколку милиони евра. Повиканите институции молчат, молчи владата, молчи и обвинителството како е можно една цистерна битумен да биде 10 пати поскапа, велат од партијата.
Од таму додаваат дека овој тендер отвора сомнеж за огромен криминал кој достинува и до 4 милиони евра. Оваа власт решила да ја докусури Македонија. Крадат и око не им трепнува. Секоја криза ја користат да наполнат приватни џебови и народот да го осиромашат. Колку повеќе крадат, толку повеќе се лепат за фотељите, мислејќи дека така нема да одгововараат. Но, се лажат. Наскоро ќе дојде времето за одговорност и за предавствата, и за понижувањата, и за грабежоти и за криминалот.