Димитар Апасиев тргна во отворена кампања против ВМРО-ДПМНЕ, за повеќе гласови за СДС и ДУИ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Апасиев се бори ВМРО-ДПМНЕ да нема 61 пратеник за повеќе гласови да одат кај СДС и ДУИ. Апасиев се бори за помал пораз на СДС и ДУИ. Освен што Апасиев е во коалиција со СДС и ДУИ во општините и советот на Град Скопје, им помага и на криминалната владата на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, со напад кон ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев и Левица одат директно против македонскиот народ оставајќи простор за условување при формирање на идна влада на ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев е верниот слуга на владата на ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Колку и да се обидува Апасиев да ги спасува Ковачевски и Ахмети и кримималната влада, граѓаните знаат дека тој е само обичен фолирант и не поминува веќе кај народот, стои во соопштението на партијата.