Владата да запре со понижувањето и притисокот врз наставниците, и да ги реализира барањата на СОНК. Неодговорни се изјавите од владата дека немаат пари за покачување од 18% како што бара СОНК, а во исто време нивните генерални секретари склучуваат криминални физибилити студии тешки милиони, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека е несериозно е Владата да зборува дека немаат пари за покачување на платите на наставниците, а во исто време да распишуваат оглас за да градат зграда за АХВ од над 8 милиони евра.

– Потценувачки е да нема пари за наставниците, а секој месец во РЕК Битола да се склучуваат милионски договори за ископ, механизација, или друг вид на работи, на кои потоа се гледаат струмички камиони како вртат. Владата не ги покачи платите за да има да краде. Пари во буџетот за поголеми плати има, само треба да се запре со крадењето кое го прават функционерите од СДСМ и ДУИ, се додава во партиското соопштение.