Нема повеќе криење. Ако со Ковачевски тајно се среќава, Арсовска фолирантите од Левица и ДУИ јавно ги фали.Денес градоначалничката Арсовска од советничката говорница ја официјализираше соработката и коалицијата на хаосот Левица, ДУИ и СДС, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Таа јавно “од срце” се заблагодари на поддршката и на фактот што Левица, ДУИ и ЛДП не поднеле амандмани на буџетот на град Скопје кој не носи никаков развој.
-“Од срце им се заблагодарувам на Левица, ЛДП и ДУИ за поддршката на Градот Скопје.
Од името на Град Скопје по однос на овој буџет би сакала прво ја искористам приликата да им се заблагодарам на партија Левица која што се одважи и не поднесе амандмани. Воедно би сакала да истакна исто така и до ЛДП и ДУИ благодарност затоа што најголемиот дел од нивните предлози кои што беа доставени до градот Скопје, воедно исто така беа инкорпорирани и тие одлучија да не го оптоварат буџетот исто така и не вложија ниту еден амандман на предложениот буџет за 2023 година, додаде Арсовска.
А еве зошто Левица, ДУИ и СДС молчат во градот Скопје, затоа што тие заеднички ја ползуваат власта и стојат зад хаосот. Фактите се следни:
-Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ.
-Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ.
-Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица.
-Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.
-Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.
Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица
-Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.
-Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.
Со Ковачевски тајно се среќава, а Левица и ДУИ јавно ги фали Арсовска.