Арсовска, коалициониот партнер на СДС е виновна за хаосот во Скопје, Ковачевски да побара нејзина оставка, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Данела Арсовска, која заради коалиција со СДС го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП, заедно со Стојковски е креатор на проблемот со сообраќајниот хаос. Стојковски го потпиша договорот од 27 милиони евра за набавка на гориво, без рабат, со што претпријатието е оштетено за над 1.5 милиони евра. Тоа се исто толку пари колку што ЈСП им должи на приватните превозници. Претходно Арсовска остави стотина луѓе без работа. А додека таа управува со самоволие градот неможе да ги извршува ниту основните функции. Клинички центар му должи 2 милиони евра на ЈП Водовод и канализација, а Арсовска молчи заради коалицијата со Ковачевски, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје е жртва на коалициските договори Ковачевски-Арсовска, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.