– На денешната Комисија за труд и социјала пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија да се разгледува „Информацијата за реализацијата на набавката, изградба и пуштање во употреба на модуларните болници”, затоа што постојат индиции за злоупотреба и ненаменско трошење на парите од заемот од Светската банка. Во овој проект важна улога играло и министерството за труд и социјална политика, кое експресно И исплатило 3,62м€ на фирмата Брако, заедно со фирмата од Валандово “Ари и Том”, напиша Милошоски на Фејсбук.