По хаосот што го предизвика власта, ВМРО ДПМНЕ бара итна седница за продолжување на рокот за личните документи. Народот го донесоа во состојба на буквална изолација, напиша Милошоски на социјалните мрежи.

✒️ Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките, за да се поправи понижувањето што безрбетниците Пендаровски, Спасовски, Бујар, Артан, Заев, Ковачевски, Зечевиќ и Маричиќ им го приредија на државјаните на Македонија.
📍 Со сервилноста кон трети држави ги затворија македонските граѓани во “државен притвор” од г.п. Табановце до г.п. Богородица. Ветуваа интеграција, а го донесоа народот во состојба на буквална изолација, напиша Милошоски.