ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност од судијата Пајазит Пајазити којшто го пушти косовецот Блерим Рамадани да избега од земјава. Со само 2 проценти доверба, мора да има итни и коренити промени во судството и распуштање на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет.
„Пајазит Пајазити, близок до ДУИ му досуди на Иџет Мемети условна казна затвор, а претходно дозволи Блерим Рамадани да избега. Кадрите на ДУИ и СДС го рушат системот. Распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители мора да има. Одговорност мора да има“, соопштија од владеачката партија.