Ароганцијата и забеганоста немаат нација, но имаат име и презиме – Талат Џафери! ОСТАВКА, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Џафери ги пцуел и малтретирал вработените, а сега нема храброст да се соочи со своите постапки за да не мора да поднесе оставка.
-Во живо на Собранискиот канал одеше пцуењето и дивеењето на Џафери, кој целата јавност го слушна како се изживува со вработените во собранието, кои молчат и ги трпат неговите навреди. Џафери ги пцуеше вработените. Тој ги малтретира и се изживува со луѓето кои му се подредени во хиерархија, а сега кога треба да се соочи со своите постапки нема храброст да признае и да си поднесе оставка. Џафери на кукавички начин денес по 10 дена молк кажа дека не ги пцуел вработените туку нивниот однос, само за да остане на власт, и подмукло повторно да ја злоупотребува позицијата како и до сега шиканирајќи ги вработените, се вели во соопштението.
Џафери е срам за државата и позицијата која ја носи. Џафери да се охрабри и да признае што направил, а потоа да си поднесе оставка веднаш.