Рашковски е фатен до гуша во криминал. Сите информации говорат дека инфлагранти местел тендери, а тој наместо во притвор или затвор се шета на слобода. Ваков третман немаат други притвореници, само притворените луѓе на Заев, кои очигледно не се знае ниту дали се во притвор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според нив, дома наместо во затвор е и Катица Јанева, а низ државата дивее и осудениот за рекет.

-Ден Дончев кој беше фатен со туце пари отиде во Австралија, а одговорност нема за ниту еден криминалец. Поради ова оставка треба да си поднесе министерот за правда Маричиќ и тоа веднаш. На народот му е преку глава од криминалците на Заев, одговорност мора да има за сите. Наскоро сите криминалци ќе се соочат со правдата, а тогаш и Заев ќе одговара кој и зошто ги пуштал на слобода, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.