Оставки од Оливер Спасовски и Назим Буши заради заташкување на случајот со синот на Буши, но и заради сите криминали и скандали во Министерството за внатрешни работи, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-По кој знае кој пат гледаме прикривање на скандали кои се поврзани со високи функционери на ДУИ од стана на Спасовски и МВР. МВР и Спасовски од петни жили се обидуваат да го сокријаот овој скандал, од страв да не се наруши коалицијата на СДС и ДУИ. Целосен молк од стана на МВР и Спасовски на прашањата кои ја интересираат јавноста поврзани со дивеењето низ скопските улици на синот на неговиот заменик во МВР. Нема одговори за ургенциите од заменик началникот на СВР Скопје возилото мерцедес кое беснеело, а воедно и возело со недозволени флешери, нема одговори и зошто полициските службеници биле изманипулирани дека ова возило е службено, а не приватно возило кое го вози синот на Назим Буши. Нема ни одговори од страна на македонски телеком дали ова возило му било продадено, токму на Назим Буши, за истиот да го подари на битолска фирма која е во сопственост на блиски роднини на Назим Буши. Одговорите на овие прашања се наоѓаат во евидинцијата на МВР, ама од таму ни трага ни глас, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорност за овој скандал, како и за многу други поврзани со киднапираното Министерство за внатрешни работи ќе има, додаваат од опозициската партија.