Какви црни мерки на власта помогнаа во справување со кризата? Бројките го демантираат соопштението на СДСМ. Имено, во јануари месец инфлацијата беше 6.7%, во февруари месец 7.6%, за да во март месец е 8.8%, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според бројките може да се воочи дека мерките на СДСМ не се баш успешни во справување со економската криза.

Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, а растот на економијата ни е најнизок во споредба со сите земји од регионот.

За година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%.

Под итно се потребни зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата.

Со оваа криминална власт граѓаните секој ден стануваат се посиромашни, се наведува во партиското соопштение.