Бруталното и грозоморно убиство на Вања е пораз за цела држава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се случи и поради нефункционирањето на системот, неспособноста на институциите и отсуството на одговорност. Еден од главно осомничените е во бегство. Истиот тој е и поранешен висок функционер на владејачката СДС, меѓудругото дел од една криминално рекетарска банда која настапува и во јавниот простор за кој е јасно дека е блиска до власта, група која уценува неистомислемици, и која работи само за користољубие. Спасовски беше презафатен со организирање на самит, додека крволочната банда убива и хара низ Скопје. Треба Спасовски да одговори едно прашање – Кога истрагата дознала за извршителите? И дали Спасовски и началниците во МВР криеле заради самитот на ОБСЕ? Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушукување и нелегално следење на комуникации и злоупотреба на службите за следење, криминалци неказнети кои избркале полицајци од полициска станица во Арачиново, МВР на Спасовски даваше и половина милион евра на транспортната фирма што набавуваше 2 машини за перење од 25.500 во општина чиј градоначалник беше од неговата партија и редица други скандали, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски оставка веднаш, додаваат од таму.