Човек близок до Груби лапна хотел на Попова Шапка по цена на гарсоњера, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Пред власта да склучи договор со една градежна фирма за продолжување на работата на автопатот Скопје – Блаце истата го продава хотелот во нејзина сопственост на Попова Шапка од 278м2 на фирма блиска до Груби. Цената по која фирмата блиска до Груби го купува хотелот е само 55.000 евра, кога ќе се пресмета цената за која е купен квадратен метар се добива сума од 200 евра. Како е можно сите зделки кои се поврзуваат со луѓе околу Груби да се склучуваат и 20 или 30 пати под цена?, прашуваат од партијата.
Од таму прашуваат и која е економската оправданост за продажба на хотел за 55.000 евра? Дали продажбата е услов за потпишување на договор на власта со таа градежна фирма и дали станува збор за рекет?
-ЈО не смее да чека, купувањето на вреден имот под цена на луѓе околу Груби е крајно симптоматично и мора да подлежи на истрага, велат од ВМРО-ДПМНЕ.