Црвенковска освен СДСМ со Заев ги сврзува пропаѓањето на Еуростандард банка. Фирмата на нејзиниот сопруг исто земала кредит како и фирмите на Заеви и ним блиски фирми, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Како фирмата на сопругот на Црвенковска го земала кредитот и има ли поврзаност со начинот на кој фирмите блиски до Заеви земале? Јавноста бара оставка од Црвенковска, а оштетените штедачи бараат фирмата на нејзиниот сопруг да ги врати парите. Стотина фирми кои земале кредити без покритие и не ги вратиле ја пропаднаа банката, меѓу нив покрај фирми поврзани со Заеви е и фирмата на сопругот на Црвенковска, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Заев и Црвенковска ги поврзува и партијата. Црвенковска била шеф на кабинет на Бучковски и висок државен функционер во време на СДСМ. Црвенковска е партиски обоена, таа не може да одлучува за судии, посочуваат.
– Судскиот совет е надлежен да ги избира и разрешува судиите и судиите поротници, како и да ги разрешува претседателите на судовите, да утврдува престанок на судиската функција, да ја следи и оценува работата на судиите и да одлучува за нивна дисциплинска одговорност. Советот исто така утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција, но и одлучува за одземање на имунитет на судија, како и по барање за одобрување на притвор на судија. Советот предлага и двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите, а ја оценува и работата на Врховниот суд. Советот е тој кој е на врвот на власта во судството. И сета оваа моќ и е дадена на Црвенковска. Дали можете да замислите како би изгледало судството? Црвенковска е се само независна не. Оставка веднаш, додаваат од партијата.