ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека тендерите во РЕК и ЕСМ за време на владеењето на СДСМ завршувале кај омилената фирма на поединци од врвот, Марковски компани. Од партијата истакнуваат дека само оваа компанија за неколку години добила над 200 милиони евра и дека дел од средствата можеби завршиле во фирмите на Заев и Филипче во Бугарија.
„Поради сиве овие местенки и испумпувања на буџетот, како и заштита од поединци од судството на Заев и Филипче, сопственикот на Марковски компани доби куќен, наместо затворски притвор. “, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Историски тендери и финансиски неправилности
Една од најголемите зделки, вредна неверојатни 46 милиони евра, била доделена токму на Марковски компани, иако други фирми нуделе 30% пониска цена.
„Прашањето кое остана неодговорено е каде завршиле овие дополнителни 30% средства, односно околу 14 милиони евра? Дали овие пари завршиле на сметка на фирми на Заев и Филипче во Бугарија? Зошто молчат?“ додаваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во време на СДСМ тендерите се контролирале од врвот, а судството и обвинителството ги заштитувале одговорните лица.
„На ваков начин СДС работеше долги години на власт. Тендери си делеа неколку луѓе од врвот, а потоа ги инвестираа во фирми“, се наведува во соопштението.
На крајот, партијата ги повикува граѓаните да го поддржат бројот 9 на локалните избори.
„Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, стои во повикот до граѓаните.