Дали Артан Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш дел од кривични постапки кој се наоѓа во притвор!? Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање. По одлуката на Груби, Лотарија каде директор е шефот на кабинет на Груби распишува оглас во кој се пресликува фирмата 8888.бг на Васил Бошков Черепот, бугарски мафијаш, за кого и Блумберг пишува дека е криминалец, кој се поврзува со многу тешки кривични дела. Истиот веќе подолг период е во притвор во Бугарија и против него се водат сериозни постапки. Дали Груби ја понижува државата и истата преку Лотарија треба да влезе во бизнис со криминалец во притвор? Македонија со Груби станува дива коцкарница, каде коцкање ќе организираат белосветски мафијаши, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова лудило мора што побрзо да запре. Потребни се промени, порачаа од опозициската партија.