Дали Блерим Рамадани бил на Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ? Дали ДУИ се ангажираат на Блерим Рамадани затоа што имаат приватен бизнис интерес од него, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дали Али Ахмети му дава налог на Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани затоа што истиот има интерес од него? За кого работи Пајазит Пајазити?
Институциите да отворат постапка и да го разрешат Пајазити, кој ја извалка функцијата судија – велат од партијата.