Венко Филипче јавно призна дека СДС нема кандидат за градоначалник на Скопје. СДС е во сериозна криза, а Филипче се соочува со сериозни проблеми во обидот да најде кандидат за градоначалник на Скопје, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче бледо се обидува да прикрие дека сеуште нема кандидат за Скопје, па калкулира со имиња како архитектот Ралев и поранешната министерска Каја Шукова. Очигледно е дека никој не сака да прифати да биде кандидат на СДС за Скопје во трка која е однапред изгубена. Го прашуваме архитектот Ралев дали прифатил да биде губитнички кандидат или се уште чека Филипче да процени дали е доволно добар? Доколку некој од СДС воопшто прифатил кандидатура за градоначалник на Скопје, колку да учествува во изборите, тоа единствено би можело да бидат некои од кадрите лојални на Заев и Филипче кои немаат таков луксуз да одбијат. Кој и да биде кандидат за градоначалник од СДС за Скопје знае дека ќе послужи како жртвено јагне за уште еден изборен дебакл на СДС. И СДС и Филипче знаат за неминовниот пораз што ги чека. Поддршката според анкетите за кандидатот за градоначалник за Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е огромна и победата е извесна уште во првиот круг, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако нема кој да прифати да биде кандидат за градоначалник за Скопје од СДС ќе мора Венко Филипче лично да се кандидира, додаваат од владејачката партија.