ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС, Заев и Филипче се поврзани со бугарската пропаганда и нападите врз македонскиот идентитет и јазик.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека нападот на македонскиот идентитет и јазик е поврзан со блиските релации меѓу СДС и бугарскиот политичар Бојко Борисов.
„Бојко Борисов вчера јавно се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик во резолуцијата во Европскиот парламент.
Зоран Заев за Бојко Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски го ословуваше со ‘Бојко љубави’.
Вистинското прашање е каква е поврзаноста на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче со бугарската пропаганда против македонскиот идентитет и јазик?
Дали позади нападот на јазикот и идентитетот стои СДС и Венко Филипче со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС?
Нели е симптоматично што единствените кои хорски ја напаѓаат владата се Венко Филипче, СДС и печурките на Бугарија во Македонија.
Токму затоа Андреј Жерновски ја има улогата на бугарски камиказа во Македонија.
Наместо СДС да ги искористи позициите да лобира за Македонија тие ги штитат бугарски интереси,“ се наведува во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.