– Станува збор за предлог законско решение коешто доаѓа од владејачкото мнозинство односно од СДСМ и не доаѓа на предлог од ВМРО-ДПМНЕ. Оние тези коишто се лиферуваат во јавноста дека станува збор за амнестија за господинот Стевчо Јакимовски  за зграда изградена во Хром, можеме тоа да го погледнем од друг агол и да се запрашаме дали станува збор за амнестија за Зоран Заев за случајот за којшто е осомничен – „Цареви кули“, кадешто има изградено хотел. И дали они постапки коишто ги имале гардоначалниците од редовите на СДСМ наместо да ги процесираат ги држеле во фиока, а знаеме дека сега тоа би повлекло и кривична одговорност за непостапување, појасни Митева.

Таа демантира дека ВМРО-ДПМНЕ дало поддршка да се легализираат бесправно изградени објекти во заштитени подрачја.

– Во законот јасно е наведено дека за таквите објекти надлежно и одговорно треба да даде мислење институцијата која што е надлежна за тоа подрачје – дали станува збор за министерството, дали за градоначалникот и сл. Ако праксата на функционерите од СДСМ е да го заобиколуваат законот и да даваат мислење согласно сопствените интереси, тогаш треба да се запрашаме кога и како да го промениме тоа, посочи Митева.