Саем-Отчет ќе се одржи во хотел Холидеј Ин со панел-дискусии по региони и промотивни штандови на општините

Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ започнува денеска, 23 август 2025 година, во 11:00 часот во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје. Настанот е наменет за презентација на резултатите и отчетите на градоначалниците пред јавноста.

Отворањето на Саем-Отчет ќе биде со воведно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, закажано за 11:20 часот.

По воведот, ќе следуваат панел-дискусии со градоначалниците под наслов „Четири години работа за тебе“. Панелите се поделени по региони за подобар преглед на резултатите.

Во 12:10 часот ќе се одржи панел со градоначалниците од Скопскиот регион, во 13:40 со градоначалниците од Источниот регион. Во 14:40 следи панел со претставници од Југозападниот регион, во 15:40 со Југоисточниот регион, во 16:40 Вардарскиот регион и во 17:40 часот панел со градоначалниците од Пелагонискиот регион.

Секоја општина ќе има свој промотивен штанд. Посетителите ќе можат да ги разгледаат отчетите на градоначалниците и да се запознаат одблиску со нивната работа и проекти.