Деспотот од Форино, Талат Џафери, не признава ниту Устав, ниту закони во државата. Џафери спротивно на Уставот на Македонија, е претседател на Собранието и партиски функционер. Во исто време Џафери е претседател на Собранието на Македонија и член на Централниот одбор на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Талат Џафери грубо го крши Уставот со секојдневно појавување на партиски трибини слугувајќи му на Али Ахмети, наместо да си ја врши функцијата претседател на Собранието.

Според член 67, став 3 од Уставот каде што се вели „Функцијата Претседател на Собранието е неспоива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија”, деспотот Џафери не смее да врши никаква политичка функција.

Ова е самоволието на функционерите на ДУИ.

Деспотот Џафери наместо да аплудира на заканите кон медиумите и нивните етикетирања од страна на Али Ахмети, треба да си ја врши својата работа за која го избраа, претседател на Собранието на Македонија.

Додека Собранието со месеци е не функционално, нема закажани седници, собраниски комисии, а Џафери наместо претседател на Собранието и втор човек во државата, тера партиски агенди потчинувајќи му се на Али Ахмети.

На ваквото самоволие мора да му дојде крајот. Граѓаните ќе го казнат ова автократско однесување на власта на СДС и ДУИ на следните предвремени парламентарни избори, потенцираат од партијата.