Цел ден молк од страна на дезертерот Димитар Ковачевски за скандалот, каде што тој свесно го избегнал служењето на воениот рок и дезертирал. Дезертерот Ковачевски за да ја избегне законската обврска во 2001 година за служење во војската на Републка Македонија, навел како причина за бегството од служење воен рок дека е трајно неспособен.
Побегал од служење на воен рок, и не се јавил на отслужувување воен рок и не се пријавил во 2001 години иако бил повикан, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зошто молчи дезертерот Ковачевски и не одговара на прашањата, дали е трајно неспособна личност или ги излажал институциите за да избегне служење на воен рок.
Димитар Ковачевски е дезертер кој сега ја води државата од функција премиер на владата. Трајно неспособна личност, како Ковачевски не смее да ја води државата.
Дезертерот Ковачевски доколку е навистина трајно неспособен треба веднаш да си даде оставка и да замине од премиерската функција“ – се наведува во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали неговата неспособност е причината за сите понижувања кои и ги прави на државата изминативе неколку месеци.
„Бидејќи дезертерот Димитар Ковачевски се крие и не сака да ја каже причината за неговото дезертерство, денес на јавноста ќе им ги презентираме сите документи за овој скандал. Документи каде што укажуваат за неговата трајна неспособност“ – велат од партијата.