Артан Груби бега од одговори за најновиот скандал во кој е вмешан. Имено се работи за дивоградба хациенда од 160 м2 која без одобрение и без соодветни документи почнал да ја гради неговиот братучед во Бутел, а според нервозата на Артан Груби не би не зачудило и самиот тој да стои зад овој нелегален објект, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Од страна на општината сопрена е изградбата на овој објект и соодветно е постапувано со цел да се спроведе законот. Еден криминал е сопрен, а тој криминал тесно се врзува со Артан Груби. Фатен во тесно Груби веднаш посега по етничка карта, веднаш почнува со лаги и манипулации, но тоа не поминува. И Македонците и Албанците и сите останати го прочитаа веќе. На тие приказни никој не им верува. Сите го видоа лицето на Груби, видоа дека се работи за човек кој ги злоупотребува чувствата на Албанците исто често колку што ја злоупотребува и позицијата на власт, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На скандалите и сомнежите за криминал со кои се врзува Артан Груби им нема број, но мора да им се стави крај. Обвинителството треба сериозно да се позанимава со работата на овој човек, затоа што ако сме правна држава ваквите ликови како Артан Груби дебело одговараат пред институциите на системот, додаваат од опозициската партија.