ДКСК продолжува со амнестијата за Ковачевски, фактите нема да исчезнат колку и да прикажуваат дека не ги гледаат, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
И самиот дезертер Ковачевски призна дека додека тој бил заменик министер е исплаќана државна помош кон фирма основана од него, само ДКСК се прави дека не слуша.
Над 300.000 евра се исплатени од државата на Пиксел груп во време кога Ковачевски е или заменик министер или мандатар за состав на влада.
Пиксел груп е фирмата која Ковачевски ја формира по доаѓањето на СДС на власт, заедно со неговиот кум, и за само една година градат фабрика.
Истата оваа Пиксел груп е центарот на соларниот картел во аферата Броило.
Пиксел груп е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели кои КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски ги монтира, а дел од зделките кои ги имаат се и 2 милиона евра државни тендери во време на СДС земени преку КМГ ЕОЛ Квазар, и договор во вредност од над 2 милиони евра со ЕВН, договорот со ЕВН е склучен кога Ковачевски е заменик министер.
Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер основа и фирма во индустриската зона во Тетово, каде заедно со бугарска фирма почнуваат со изградба на фабрика во висина од 54 милиоми евра.
Ова се фактите. ДКСК да не молчи и да постапи по претставката која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на партијата.