Неспособноста на власта нема граници, а најнов доказ за тоа е поставувањето на Зуљхајрат Демири, за нов генерален директор на Македонски Железници, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

На чело на најголемиот државен загубар во Македонија, кој должи 70 милиони евра, се поставува лице, кое нема никаква стручност во оваа сфера но затоа има работено како келнер.

Очигледно е дека МЖ Транспорт единствено се користи само како средство, за задоволување на коалициските партнери и за нови партиски вработувања.

Се ближи 150 годишнината од постоењето на Македонски Железници на 9ти Април, а во исто време работниците се во штрајк, возовите се во мирување и оставени се граѓаните без превоз.

Целта на ДУИ и СДС е јасна, докрајчување на МЖ, на штета на државата, работниците и граѓаните, додека криминалите и богатењето на ДУИ И СДС се во прв план, се вели во соопштението на партијата.