Јавното претпријатие за државни патишта, кое е под владеење на ДУИ и СДС, плаќа најскапо косење на трева во регионот. Ова јавно претпријатие за договор за косење на трева на патиштата во Македонија, одвојува 2 милиони евра, а цените по кои ги тарифира услугите, се 3 пати поскапи од тие во регионот.
Ако ги споредиме цените во Македонија, со тие во соседна Србија, се доаѓа до фрапантна разлика. ЈПДП за косење на тревна површина на м2, според договорот цената е 12 денари, а додека српското претпријатие истото го плаќа 2,5 денари, што се однесува на делот, за косење на тревна површина со тежок пристап цената е 5 денари. Оттука излага дека ЈПДП плаќа 3 пати поскапа цена, за разлика од истото претпријатие во Србија.
Очигледен е криминалот кој го прават ДУИ И СДС, преку ова претпријатие. Институциите мора да се одважат и веднаш да реагираат, а не да бидат неми послушници, на оваа власт во заминување.