ДУИ како и нивниот партнер во власта и во криминалот, СДСМ, целосно се изгубија. Наместо европски вредности, тие се сведоа на воспевање на комунистички диктатор како што е Енвер Хоџа. Наместо западна демократија, тие глорифицираат тоталитарен режим кој ја направи Албанија во тоа време најизолираната и најсиромашната држава во Европа.
И сега кога Албанците го гледаат Ахмети како пее и жали за времето на Енвер Хоџа, им станува јасно дека декларативните изјави на ДУИ за европски вредности се обично лицемерие. Тие се восхитуваат на комунизмот, тоталитарниот режим и диктаторот кој беше свртен кон Кина и СССР и поради кој страдаа многу Албанци.
Всушност Ахмети и ДУИ длабоко во себе не се заштитници на права и слободи исто како што наместо демократија тие преферираат тоталитарен диктатор како Енвер Хоџа.
Тие се само дел од мафијата на власт која владее за да краде и да ги осиромашува граѓаните, меѓу кои најмногу Албанците. СДСМ и ДУИ правата на граѓаните ги множат со нула и гледаат само криминалот да им врви.