Мицкоски во врска со разликите во стојалиштата на различните партии направи споредба дека и во едно семејство секој нема да се сложува со секој, но генерално доколку се има заедничка цел, а тоа е градење на семјеството тогаш разликите се надминуваат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски појасни дека доколку се има заедничка цел која што е цел над сите цели, а тоа е симнување од власт на Заев и СДСМ, борба против корупцијата и стагнацијата во државата тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне и да комуницира за заедничките разлики.

-Секој оној кој што цени и мисли дека Зоран Заев и оваа Влада на СДСМ лошо работат, подготвен сум со секого да седнам и да разговарам. Видете и дома нема да се сложувам секогаш со Јован, Рози и Антонио. Генерално имаме една заедничка цел да го градиме нашето заедничко семејство. Ако ние имаме една заедничка цел која што е цел над сите цели, а тоа е апсолутно да можеме да седнеме и да комуницираме за нашите разлики“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара не само со Левица, туку и со сите други партии кои што се идентификуваат како партии кои припаѓаат на опозициското политичко крило, а кои сакаат оваа влада да замине.

-Не само со Левица и со Солза Грчева, и со сите останати кои што се идентификуваат како политички партии кои што припаѓаат на опозициското крило и кои што сакаат оваа Влада да замине се добродојдени да разговараме, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија кажа дека СДСМ со својата неспособност ја донеле економијата во катастрофална состојба. Имено, Мицкоски потенцираше дека една милијарда евра фали во буџетот на државата, а капитални проекти нема.

-Овие три години од 1 Јануари 2018-та година до 31 декември 2020-та година БДП производ во Македонија е пораснат за 700 милиони евра, јавниот долг пораснал за една милијарда и 700 милиони евра, една милијарда фали, ја нема, рече Мицкоски.

Дополнително Мицкоски објасни дека власта континуирано се задолжува додека видливи разултати од тие задолжувања нема и нема додадена вредност туку напротив јавниот долг континуирано расте. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ направи споредба со кризата во 2007 година и кажа дека тогаш БДП пораснал за 4,3 милијарди евра, а дека долгот пораснал за само 2,9 милијарди при што имало додадена вредност од 1,3 милијарди за разлика од сега кога БДП е пораснат за 700 милиони евра додека јавниот долг пораснал за милијарда и 700 милиони евра.

-Видете еве споредете ги сите држави во светот вие можете да позајмите една милијарда и 700 милиони и тие да ги деноминирате со инфлацијата ако ги вратите назад и ќе бидат милијарда и 500. Еве да речеме, бидејќи е тешка година, но не можат да бидат 700 милиони. Еве две тешки години имаше, и 2009-тата и 2012-тата, во еден друг период. Еве да го анализираме периодот 01.01.2007 до 31.12.2016, БДП пораснал за 4,3 милијарди, а долгот пораснал за само за 2,9 милијарди, нели безмилосно се трошеа парите, а имаме додадена вредност од 1,3 милијарди. Нели тогаш СДСМ јавно зборуваше дека безмилосно се трошеле парите, дека оделе во непродуктивни трошења, еве го гледаме градоначалникот како на едно друго интервју кажува дека ќе биде во улога на Талибанец ќе рушел во Скопје со чеканот итн. Но, тогаш имаме раст на БДП од 1,3 милијарди. Сега имаме одземен БДП од една милијарда, тоа е проблемот, тоа е суштината, заврши Мицкоски.