Енергетската неспособност на СДСМ ги чини граѓаните 30% поскапа струја, и стотина милиони од буџетот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ го остави РЕК Битола без јаглен пред почеток на грејна сезона, и како резултат на тоа месечно се трошеа и над 50 милиони евра за увоз на скапа струја.
СДСМ не функционално работи и со хидроакумулациите, кои ги испразни додека струјата беше евтина во ек на пролет и лето, за да бидат на минимум во текот на грејната сезона.
СДСМ нема направено еден стратешки проект во енергетиката.
Со СДСМ енергетскиот сектор колабира, а граѓаните плаќаат се поскапа струја“ – порачуваат од партијата.