Кога се разоткриваат криминалите и неспособноста, и ДУИ, како и партнерот СДСМ се обидуваат да се правдаат со напад и виктимизирање. Арно ама ова не поминува веќе исто како што не поминуваат и евтините трикови со зелена агенда, етнички теми или европски вредности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека народот им ја прочита целата матрица на ДУИ и СДСМ, бидејќи додека осиромашуваат Македонците, Албанците, Србите, Турците и сите останати, мафијашите на власт се богатат. ДУИ и СДСМ прават се само да бидат на власт и сложно да крадат.
-Јавноста со право се сомнева во чесноста на владеењето на ДУИ и СДСМ, во која сега само администрира пиунот Ковачевски. Власта на ДУИ и СДСМ треба да објасни како една анонимна компанија која низ годините наназад работела на ситни тендери, одеднаш станува клучен партнер на министерството за образование и наука? Согласно податоците доставени до Бирото за јавни набавки на 4 февруари, компанијата ХИЛДИН КОМЕРЦ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово е ангажирана на ДВА тендера за градежни активности во вкупна вредност од 225.878.041 денари или 3 милиони 673 илјади евра, стои во соопштението на партијата.
Министер од СДСМ тендерира, министер од ДУИ спроведува. За еден месец скоро 4 милиони евра добила една анонимна компанија. Сложно, нема што.
-Поставуваме прашање според кој критериум токму ХИЛДИН КОМЕРЦ од Тетово е избрана за вакви крупни тендери, кои се особено атрактивни дури и за поголеми и пореномирани компании?
Како компанија која до пред некое време реализирала тендери од стотина илјади, доаѓа до тендери тешки милиони?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.