Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито, е пример како работи цела влада. Ељхам Шкрета, началникот кој беше уснимен како бара и зема мито од 120 евра на граница, е истиот тој кој се закануваше на социјалните медиуми, во одбрана на Заев и Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шкрета беше заштитник на Заев и Спасовски на социјалните мрежи. Дали тоа се должело на неговите нелегални активности и криминал кој го правел?

Потребен беше странски медиум да открие криминал во МВР, наместо внатрешната контрола. Ова говори дека Шкрета е штитен од врвот на МВР, стои во партиското соопштение и се додава:

„Случајот со Шкрета е само еден пример како функционира оваа власт која е во срж корумпирана.

На луѓе им се бара мито и се прави криминал од граница до генерален секретаријат на влада.

Системот на СДСМ е трул и го гризе општеството“.