Фијаско на синдикалниот протест, политички мотиви пред интересите на работниците

Протестот на ССМ, кој беше организиран со логистичка поддршка од СДС, не ја доби поддршката од пошироката работничка јавност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението од партијата се истакнува дека јавноста „ја виде вистината за ССМ“, кој, наместо да се бори за работниците, „се претвори во продолжена рака на политичките интереси на СДС“.

„Факт е дека во изминатите 1,5 година ССМ нема склучено ниту еден колективен договор со Владата. Нула резултати за работниците. Но затоа, очигледно е дека единствениот ‘договор’ кој функционира на ССМ е оној со СДС“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека на протестот не биле вистинските работници, туку „партиски мобилизирани структури на СДС, што претставува директно потценување на работничката интелигенција и достоинство“.

„Додека други синдикати обезбедуваат конкретни резултати и повисоки плати за вработените во јавниот сектор, ССМ молчеше и не ги поздрави колективните договори на Владата со разни синдикати, со кои се зголемија платите на работниците во јавниот сектор“, стои во соопштението.

Партијата нагласува дека „трендафилов и ССМ бараат се што сака и е во интерес на СДС“ и дека раководството на синдикатот „очигледно избра да служи на партиски агенди наместо на работничките интереси“.

„Се додека Трендафилов и ССМ функционираат како политички инструмент, довербата кај работниците во нив ќе опаѓа, и работниците ќе го напуштаат синдикатот. Работниците заслужуваат вистински синдикат независен, гласен и бескомпромисен во заштитата на нивните права, а не политичка алатка во рацете на било која партија“, се заклучува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.