Партијата обвини за „бегство“ од седница и остро реагираше на соопштение од СДС

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДС, Венко Филипче, ја напуштил седницата за пратенички прашања, додека неговата партија паралелно објавувала соопштенија за наводните случувања во Собранието.

Од партијата реагираат дека ваквото однесување е контрадикторно и го оценија како избегнување на директна дебата.

„Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. Денес нивниот претседател Венко Филипче ја напушти седницата на која се поставуваа пратенички прашања, ама партијата која ја води си пушташе соопштенија за што се зборувало на седницата во кој најблаго кажано клеветат. Во соопштение пишуваат што кажал Христијан Мицкоски. Зошто не кажаа на седница, на пример.“

Обвинувања за „кукавичлук“ и политички напади

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквото однесување покажува избегнување на соочување со аргументи и отсуство на политичка одговорност.

„Како и да е покажаа дека се кукавици, Филипче бега од седница, од партијата објавуваат соопштенија за седницата. Челниците во СДС научиле само еден филм. Сценариото на нивниот филм има за цел да се напаѓа по ред што се што во моментов се прави за граѓаните.“

Во реакцијата се осврнуваат и на обвинувањата од СДС во врска со наводно мешање во правосудството, што партијата го отфрла.

„Сега, за денешното бегство на Филипче, и за соопштението од СДС за изјавата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој наводно според соопштението давал задачи на новиот обвинител.

Да им укажаме на СДС една работа. А тоа е, ако тие наредувале што да прават правосудните органи не значи дека го прават и други. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кога станува збор за оваа трета самостојна власт сака и прави што е во негова надлежност за истата да делува професионално спроведувајќи ги законите.“

Порака до СДС за односот кон институциите

Од партијата додаваат дека, според нив, СДС погрешно ги пресликува сопствените практики врз други политички субјекти.

„Така да пораката за СДС е, ако вие контролиравте се, немојте да мислите дека и другите се како вас. Или еве појасно за да разберат во СДС, нека не им го припишуваат на другите тоа што тие го правеле. Денес на дело покажаа само кукавичлок.“