Општините каде градоначалници се од СДС стагнираат. Една година нема некој поголем проект во Струмица, Центар, Делчево, Берово, Пробиштип, Валандово и уште неколку други.
Нема проекти, затоа нема и отчет.
Градоначалниците од СДС нема со што да се пофалат, немаат ниту еден поголем проект зад себе.
Единствени проекти на градоначалниците на СДС се најавените инвестиции како таа на семејството на Богоев во Берово, кои имаат парцела до езеро за изградба на хотел. Или продажба на земјиште во централно градско подрачје по багателни цени како случајот во Центар спроти зградата на Нова Македонија. Едноставно кажано само сомнителни зделки, и нула проекти.