Со самото стапување на функцијата градоначалник, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа на терен и почнаа со средување на општините, зголемување на хигиената, чистење на дивите депонии, уредување на шеталиштата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот состанок со градоначалниците упати порака тие да се откажат од привилегиите кои ги носи нивната функција, и да не користат службено возило за приватни цели и надвор од работните обврски, како и да не ги употребуваат картичките за ручеци освен кога имаат делегации или работни средби.

Скромноста мора да биде одлика на секој јавен функционер, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително претседателот Мицкоски им кажа на градоначалниците дека граѓаните очекуваат проекти и сработување на ветеното, во таа насока уште во првиот месец ќе отпочнат со 3 капитални проекти во секоја општина.

Граѓаните очекуваат резултати. Промените мора да се случуваат бргу. Создаваме нова иднина, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.