Значи не е тендер, не е матна милионска зделка во 4 очи, не е ниту дуќан, зграда или Ауди кое необјасниво станало директна или индиректна сопственост на некој кој е на функција. Туку Љупчо Папазов, градоначалник на општина Кочани именувал директор на школо кој не бил по кејфот на власта, пренесува Канал5.

Затоа заработи кривична пријава, а МВР пушти соопштение небаре откри голем криминал, а не директен партиски реваншизам.

Со ваква полиција, со ваков несуден кандидат за претседател кој ја води полицијата и со ваков премиер криминалците немаат мака, мирно си спијат и си работат, се наведува во партиското соопштение.