Македонија се соочува со пад на наталитетот. Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ веќе предложи сет мерки за справување со демографските предизвици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека една од најважните е воведувањето на 6 бесплатни ин витро обиди, финансирани од Фондот за здравствено осигурување.

– Оваа мерка е директна поддршка за сите семејства кои се соочуваат со потешкотии во патот до родителството. Затоа што здравството служи на граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се слуша секој глас, и на здруженија, медицински установи, родители, експерти. Здружението „До бебе по пат на ин витро“ одигра значајна улога, со идеи, истражувања и статистики кои помогнаа оваа мерка да биде реалност. Ова е пример за соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека ова покажува дека Владата има слух за граѓаните, за праведно и функционално општество.