ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја гасифицира Македонија и за четири годишен мандат на идните општински и градски власти и до 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако сакаме почиста животна средина, гасот е неопходен. Граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат и поевтина струја. Планираме да го продолжиме животниот век на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година, тоа ќе допринесе за поголемо производство и поевтина струја за сите. Парите од акцизата на дизелот која СДСМ ја воведе пред 2 години ќе завршат кај граѓаните. За проекти од областа на културата, спроти образованието. Време е државата да се развива правилно. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од партијата.