Артан Груби е потонат до гуша во корупција и криминал. Тој брани тендер кој смрди на наместена работа за Конзорциумот воден од ИРД, а во состав на ЕПТИСА, Електра Солушн и Евро Консалтинг, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Груби не кажа, зошто е продолжуван рокот за поднесување на пријави во моментот кога Електра Солушн добива лиценца, ниту пак зошто е избришан условот фирмите да имаат позитивни биланси во последните 3 години, и оставен услов само да достават биланси, па макар истите биле и згаубари, како што е случајот со ЕПТИСА.

Груби не успеа да ја увери јавноста дека огласот не е продолжен и не се намалени критериумите за учество за ИРД – ЕПТИСА-Електра Солушн- Евро Консалтинг да го добијат тендерот, се вели во соопштението на најголемата опозициска партија.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат зошто Груби не кажа ниту збор зошто надзорот и правниот советник за трансакции се ставени во еден ист оглас? Зошто е дозволено надзорот, да го преговара и состави договорот со изведувачот, кој самиот треба подоцна да го контролира?

Груби не ја увери јавноста дека не прави криминал од 22 милиони евра со надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10д, ниту пак ја увери јавноста дека не го компромитира целиот процес, вклучувајќи компромитација и на странските фирми изведувачи со реноме.

Груби фрли коруптивна дамка на целиот процес, и тој нервозно и хистерично се брани со напад врз новинарите.

Груби е против Албанците затоа што ги краде и нив и сите граѓани на Македонија.

Разбираме зошто е нервозен Груби, и треба да биде, зошто знае дека доаѓа одговорност, за секоја една незаконитост, велат од ВМРО ДПМНЕ.