Артан Груби и Димитар Ковачевски кои не ја вадат од од уста Европската унија, секој ден ги злоупотребуваат вредностите на истата.

Сега измените на пет закони поврзани со сомнителната, поточно криминална реализација на Коридорот 8 и Коридорот 10д ќе ги носеле со популарното европско знаменце или читај без дебата во Собранието. Станува збор за низа закони спротивни токму на европските вредности, како и на важечкото право во Македонија.

Не може да биде европска вредност 60 часовна работна недела, која е спротивна на Уставот и спротивна на европските начела. Не може да биде европска вредност експресно доделување на дозвола за експлоатација на минерални суровини без детално предвидена постапка која опфаќа заштита на животна средина, археолошките локалитети, природни богатства и слично. Не може да биде европскa вредност да не ги прифаќаш и почитуваш своите, националните закони.

Груби и Ковачевски со ова ги злоупотребуваат европските вредности, ја злоупотребуваат ЕУ се со цел полнење на нивните џебови и крадење на народот.

Груби и Ковачевски практикуваат само насилие и криминал. Ова што го прават е сосема спротивно на европските вредности, на начелата на ЕУ. Токму и претставниците на ЕУ во земјава денеска јасно им ги кажаа тоа.

Груби и Ковачевски го злоупотребуваат механизмот на гласање закони со европско знаменце за да крадат во име на ЕУ. Со ова тие и нанесуваат само штета на Македонија.

Груби и Ковачевски секој ден ги признаваат своите грешки како што вчера Груби призна дека е потпишан договор со кој е предвидено исплата на пенали од над 150 милиони евра, но не кажува дека обврска за исплата на истите е веќе настаната.

Груби и Ковачевски ќе одговараат за криминалот, штетите што и ги прават на Македонија и нејзините граѓани.